Вечерва со почеток од 20 часот во Галеријата на МКЦ ќе се отвори првата самостојна изложба на Ѓорѓи Динев под наслов „2019“.

Изложбата ќе трае до крајот на годината.

Ѓорѓи Динев комбинира теорија и филозофија на ликовната уметност. Во светот на уметноста тој се обраќа преку визуелни ефекти, кои несомнено, боите се први кои нè обземаат. Боите се хармонично подесени, а во некои композитивни решенија, до значајни конфронтации во боја. Веќе априори, тие носат посебно расположение. Ние не сме привлечени по бојата од сликите, туку од пораката. Бојата не е клучот за пораката. Пораката е резултат на квалификацијата на авторот за посебен проток на енергија, која ни се обраќа… Тоа се пулсирачки слики, живи визуелни организми, кои „дишат“ заедно со гледачот. Делата на Ѓорѓи Динев се различни за секој „гледач“. Тие се менуваат во зависност од подготвеноста на гледачот за гледање, искуствено прифаќање. Сликите се со фреквенција што има тенденција да тече низ нас. Како ќе нè преземе и збогати, зависи од нашите очекувања. Повеќето слики немаат класичен дизајн. Полињата на графичкиот третман на сликите различно артикулираат хоризонтално, вертикално и во круг. Така, самиот приказ дава чувство на отвореност. Сепак, животот на сликите е толку интензивен, толку моќен што не може и не сака да биде ограничен од маргината на сликата. Енергијата на сликата достигнува над оваа бариера, над очигледната крајност и станува продолжение на сликата, вели  Горјан Ѓорѓиев.

Динев Ѓорги е роден на 27.02.1994 во Струмица. Средно образование завршил во ДСУЛУД „Лазар Личеноски” во Скопје, на оддел графика. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел графика, во класата на проф. м-р Мирко Вујисиќ. Добитник е на наградата за студентска графика “Драгутин Аврамовски – ГУТЕ” – 2017



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.