Актерите од тетовскиот театар вечер ја имаат првата премиера за 2021 година, драмата „Проколнатите“. Претставата ќе биде изведена со почеток од 20 часот во големата сала на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово.
Автор на текстот е Олса Пошка, додека режисер е Гент Чајани. Главните улоги ги толкуваат Алтрим Мамути, Блерим Исмани, Ермал Чанга, Бурхан Амити,Музафер Етеми, Беким Јахиу, Сами Мустафа, Јетмир Арифи, Арта Зејнели и Шпреса Хашими, информираат од Тетовски Театар.
Сценографијата и костумите се на Медина Хоџа. Реприза ќе има и утре 16 јули исто така од 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.