На овогодишниот PhotоExpo фестивал “Rendez-vous Image” на фотографии и книги кој традицонално се одржува во Стразбур, Франција, фотомонографија EXIT на Боро Рудиќ jа освои првата награда во делот за издаваштво.
Фестивалот се одржа во период од 24 до 26 јануари во Конгресната палата во Стразбур, каде беа прикажани околу 800 фотографии и 44 фотокниги кои влегоа во финалната конкуренција. Прикажани се само делата кои поминале низ ригорозната селекција на овогодишниот Арт Директор Véronique de Viguerie.
Книгата и фотографиите од книгата можат да се погледнат во галеријата “Rudic Gallery”, лоцирана на адреса Бул. АСНОМ 74, Скопје. Дизајн на фотомонографија: Игор Настевски
Печатница: Пропоинт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.