Со торта и роденденската песна „среќен роденден“ заедно со бројните љубители на уметноста, пријатели на Фестивалот и врвните гитаристи Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ, кои имаа незаборавен концерт на Античкиот театар, „Охридско лето“ вчеравечер во прекрасна атмосфера во елитниот хотел „ Лаки“ го прослави својот 59-ти роденден.
Фестивалот „Охридско лето “официјално својот почеток го бележи со концерт одржан на 4 август во далечната 1961 година, со настапот на оперската певица Ана Липша Тофовиќ. Од година во година „Охридско лето“се развива по нагорна линија, прераснувајќи во манифестација која претставува пример како треба да се негува и одржува еден фестивал. „Охридско лето“ се одржува секоја година од 12 јули до 20 август. а од 1994 година е редовен член на Европската асоцијација на фестивалите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.