Прошетка низ изложбата на Рубенс Корубин со Кирил Пенушлиски

Култура 29.10.2019 / 11:10

Исклучително можност на 29 октомври да ја проследите изложбата на Рубенс Корубин, а низ истата да ве води кураторот Кирил Пенушлиски. Одлична можност да дознаете нешто повеќе за авторот и изборот на дела.

Изложбата „Атеље, Радоста на сликањето“ беше отворена во Чифте амам на 8 октомври. Корубин веќе долг низ на години се наоѓа во самиот врв на современото македонско сликарство. Тој работи во повеќе медиуми (сликарство, цртеж, графика, и мозаик), а неговите дела претставуваат ретки, совршени унии помеѓу темата и начинот на експресијата.

Уметноста на Корубин сведочи за исклучителна способност за прикажување на едно ретко емотивно богатство, а ги поседува и сите знаци на големо сликарско мајсторство. Еден романтичен сликар, тој е уметник кој ја искажува сопствената деликатна визија и сопственото разбирање на материјалните и емотивните елементи кои го сочинуваат нашиот свет, стоеше во најавата за изложбата.

На изложбата се прикажани негови нови дела, настанати во последните неколку години. Покрај новосоздадените, истовремено, на изложбата има и постари дела во сопственост на авторот, дел од неговата лична колекција, со што таа добива и ретроспективен карактер, правејќи пресек и на претходните фази во неговиот ликовен опус. „’Ателје, Радоста на сликањето’ е еден своевиден јубилеј со кој авторот одбележува седумдесет години живот и четириест и пет години од дипломирањето на Ликовната академија во Белград.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.