Филозофското друштво на Македонија (ФДМ) денеска во Кинотека ќе ја презентира програмата на 9. Филозофски филмски фестивал, што ќе се одржи од 9 до 16 мај.

На презентацијата на програмата ќе се обратат директорката на Филозофскиот филмски фестивал, Ана Дишлиеска-Митова и претседателот на ФДМ, Љупчо Митковски.

Фестивалот е со интернационален предзнак и е институционално поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура и Град Скопје, а се оранизира во соработка со Филозофскиот факултет при УКИМ, Кинотеката, Францускиот институт и Гете-институтот во Скопје… Годинава, фестивалот доби поддршка и од првата и засега единствена УНЕСКО катедра за Филозофија за деца во Нант.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.