Во мултимедијалниот културен центар „Матица Ексклузив“ од Скопје, денес (понеделник) во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Децата на партијата“ од Серјожа И. Марков. На страниците од ова ретко возбудливо четиво дефилираат автентични ликови, кои во деведесетите години на минатиот век ќе го пробудат националното чувство кај македонскиот народ. Всушност, авторот дава широка слика на првите години од осамостојувањето на нашата држава, во која идеализмот и политичкиот романтизам заземаа посебно место. Особено возбудливи се страниците, во кои се говори за члениците од тоа време, кои идеалите ги заменија со бизнис цели, така што денес тие „прераснаа“ во „големи бизнисмени“.
Серјожа И. Марков по професија е адвокат и ко-основач на адвокатско друштво. Автор е на стручни трудови од областа на правото, како и на книгата „Енергетстко право“. Почесен конзул е на Република Молдавија во Република Македонија.
Книгата „Децата на партијата“ ќе ја промовира познатиот македонски писател и полиглот, Паскал Гилевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.