Третата книга на новинарот Ненад Георгиевски „Уште музика, уште муабети“ денеска ќе биде промовирана во клубот „Глуво куче“ (20 часот). Книгата ја објави издавачката куќа „Полица“. Промотор на книгата е Милан Дамјаноски.
Книгата има 70 интервјуа кои се реализирани во период од 20 години. Таа се состои од разговори со реномирани музичари, фотографи, режисери, новинари, автори.
Поделена во неколку поглавја во книгата се наоѓаат интервјуа со класични музичари како Филип Глас, Макс Рихтер, Олафур Арналдс, Мориконе, Симон Трпчевски, потоа Dead Can Dance, Анушка Шанкар, џез музичари како Гоце Стевковски, Џек Деџонет, Рон Картер, фотографи како Жига Коритник, Бил Вајман (Ролинг Стоунси) или новинари/автори како Алан Лајт, Бред Толински и Тошо Филиповски.
Книгата е широк калеидоскоп на приказни и луѓе кои заедно прават преглед на современата музичка сцена – во светот, регионот и во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.