Во кафе-книжарницата „Буква“ денеска ќе биде промовирана сликовницата „Што виде бубамарата?“ на Румена Бужаровска и Јана Јакимовска, во издание на издавачката куќа „Чудна шума“.
„Што виде бубамарата?“ е прва книга за деца на писателката Бужаровска и прв коавторски проект со уметницата Јакимовска. Раскажува за бубамарата која еден ден решава да направи нешто убаво за себе и тргнува на пат низ целиот свет. Шетајќи низ шаренолики предели, сведочи случки на различни чудни ѕверки…
Иако првенствено наменета за деца, оваа сликовница со „стихувани сказни“, како што ги нарекува Бужаровска, е подеднакво интересна и за возрасните, кои ќе се насмеат кога ќе ги препознаат ликовите и ситуациите со кои често се среќаваат во секојдневието – велат од издавачката куќа.
На промоцијата на сликовницата ќе има и мала креативна работилница за деца со цртање и боење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.