Во фоајето на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово вечерва со почеток во 19 часот ќе се одржи промоција на романот „Трамонтана“ од авторката Наташа Сарџоска. Промотор на романот ќе биде Фросина Пармаковска.
Наташа Сарџоска е поет, писател, преведувач и толкувач. Перформер, сонувач и патник. Авторка е на поетските книги „Сината соба’, „Жива вода“ и „Крстна коска“ а нејзината поезија е препеана на италијански, англиски и српски јазик. Застапена е во неколку антологии на поезијата на македонски јазик, меѓу кои и Антологија на еротска поезија.
Роман кој отвара и културолошки прашања, за противречностите на истокот и западот, за таа фатална средба меѓу ликовите, за лажниот сјај на буржоазијата. Роман за љубовта, но не како фокус на романот туку како еден вид награда после таа генералка на битието, љубовта како еден бонус, како билет за во непознат правец каде нема ништо сигурно, ништо безвредно.“ вели меѓу другото, промоторот Фросина Пармаковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.