Во четврток (17 јануари), со почеток од 20:30 часот, во кино “Фросина” при МКЦ ќе се одржи промоцијата на книгата „Радио“ од новинарот Љупчо Јолевски.

Книгата е субјективен избор на авторот од прилозите, односно текстовите пишувани и објавени за Радио Слободна Европа. Поделена на неколку целини – музика, литература, ликовна уметност, филм, театар, уметничка фотографија… преку информациите, интервјуата, рецензиите Јолевски се обидува да понуди негово видување на македонската култура во изминатава половина декада. На страниците се забележани мислите и ставовите на поголем број македонски уметници и творци. “Радио“ ја чинат повеќе од 730 страници и речиси толку фотографии и илустрации.

Промоцијата ќе се одржи во рамките на манифестацијата „Роденден на уметноста“, а покрај рецензентите Елизабета Баковска, Марко Коловски и Ана Франговска, соработниците Билјана Билбилоска и Сашо Димоски, ќе може да се проследат и изведбите на актерот Игор Трпчевски, пијанистката Дуња Иванова, гитаристот Ибрахим Мехмети и перкусионистот Ратко Даутовски, џез-панк-фанк-авангарда дружината Сетстат со диџејот, автор на текстови и пејач Мирко Попов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.