Утре (четврток,9.6.2019) во Менада од 20 часот ќе се промовира романот „Последните денови на Ханс“ од младиот македонски писател Михајло Свидерски. Романот е објавен во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа „Или-Или“.
Михајло Свидерски (Битола, 1991) е прозаист, поет, преведувач.
Автор е на збирките поезија Низ сонот од магли и дождови (2013), преведена и на бугарски во издание на „Нима“ од Плевен (2013), и Ѕвезди што спијат (2017). За романот Бело и Црвено (2014), во издание на „Темплум“, ја добива наградата НОВИТЕ за најдобар дебитантски прозен ракопис. Романот Бело и Црвено исто така е објавен на бугарски јазик, во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија во 2016 година.
За романот Последните денови на Ханс слободно може да се каже дека е на нивото на најдобрите традиции на европскиот роман. Помеѓу тензијата на психолошки роман и субверзивноста на метаисториографска фикција, овој роман може да се вброи во редот на делата на Шницлер, Џојс, Вулф, а читајќи ја неговата провокативна нарација, слободно може да се рече дека Михајло Свидерски е контроверзен автор!, пишува Владимир Костов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.