Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ утре напладне ќе биде промовирана поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска. За најновата книга на Сарџоска ќе зборува Владимир Мартиновски, а стихови ќе интерпретира актерката Софија Настевска.
Настанот ќе се одржи во спомен-собата на Миладиновци.
Наташа Сарџоска, родена 1979 година во Скопје, е поет, есеист, писател, литературен преведувач, полиглот. Ги објавила книгите поезија „Сина соба“, „Кожа“, „Тој ме повлече со невидлив конец“, „Жива вода“ во Македонија и „Pelle“ во Италија.
Нејзините песни се преведени и објавени на некоклу јазици и објавени во поетски антологии во Словачка и Германија. Ја има добиено наградата од Министeрството за надворешни работи на Италија за најдобар есеј во 2002 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.