Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје организира промоција на поетската книга „Човек“ од Јовица Ивановски, добитник н наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за 2019 година. За наградента книга ќе зборува Владимир Мартиновски а стихови ќе интерпретира актерот Владимир Петровиќ.
Настанот ќе се одржи на 13 ноември (среда) 2019 година во Спомен-соба на Миладиновци со почеток во 12 часот.
Јовица Ивановские роден 1961 година. Автор е на 14 поетски книги. Со поетски избори е преведен на англиски и српски јазик а делови од неговото творештво се преведени на петнасет јазици и е застапен во повеќе антологиски избори на македонската поезија. Еден е од шесте автори застапени во двојазичната книга Шест македонски поети објавена во Англија 2011 година.
Добитник е на престижната награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата за книгата „Човек“ во 2019 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.