Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје, денес (понеделник,20 мај) во 19 часот ќе ја промовира поемата „Охридски извори“ од големиот унгарски поет, Ференц Јухас, добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2002 година.
Во оваа пригода за делото ќе говорат писателот Раде Силјан и амбасадорот на Унгарија во нашата држава,Ласло Дукс, а пред присутните свое обраќање ќе има и писателот и преведувач, Паскал Гилевски.
Настанот ќе биде збогатен и со музички колаж на Жужана Ѓурина Дуксне, позната флејтиска од Унгарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.