Kнижарницата „Полица“, на Саемот на книгата го промовира своето ново издание, драмски избор од Горан Стефановски, кој ги опфаќа драмите: „Диво месо“, „Лет во место“, „Хај-фај“, „Дупло дно“, „Баханалии“ и „Демонот од Дебар Маало“.

Драмскиот автор, писател, драматург, професор, човекот Горан Стефановски, ни е повеќе од потребен во вакви (не)времиња, поради неговиот отворен дијалог со разнокултурието околу нас, поради неговиот нецензуриран монолог со себе и сопственото творештво, поради неговиот луциден, јасен, интелигентен јазик… – велат од „Полица“.

За Горан Стефановски и за неговите драми на Саем ќе зборува Ана Стојаноска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.