Вечерва, на 17 декемви, во 19 часот во кафетерија „Сиеста“ ќе биде промовиран новиот роман на една од најистакнатите македонски писателки Винка Саздова – „Вилионо“. Промотор на романот е истакнатиот писател Венко Андоновски.
„Вилино“ е уште еден современ психолошки роман од мајсторот на жанрот, жесток роман за повикот на слободата и стравот од неа, и за доброволното ропство во „сигурните“ брачни води. Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син. Потресна приказна за тоа како најблиските што се сакале влегуваат во магичниот круг на повредување на другиот. Романот е полн со источни мудрости и мистична филозофија, со извонредни ликови и симболика. Со него Саздова уште еднаш ја потврдува својата културна мисија, а тоа е создавањето своја препознатлива публика и подигнување на читателскиот стандард.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.