Драмскиот театар Скопје на 6 октомври ќе ја промовира монографијата „Горан во Драмски“, чиј приредувач е Александра Бошковска, во рамки на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Промоцијата ќе се одржи во просториите на Центарот за култура „Марко цепенков“ со почеток во 12 часот.

Монографијата ги отсликува почетоците и долгогодишната работа на Горан Стефановски како драмски писател и дава осврт на драмски текстови (напишал над 30 драмски текстови, од кои повеќе од 14 се премиерно изведени во Драмски театар Скопје), сценски либрета и едночинки. Во книгата се автентично претставени и моменти од неговата соработка со режисерите и неколку генерации актери кои се развивале оживувајќи ги Горановите дела во Драмскиот театар, посочуваат од овој театар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.