Во МКЦ Клуб ресторанот вечерва (9 април), со почеток од 19 часот ќе биде промовирана книгата „Културна фабрика“ на Ана Мартиноска. Промотори на книгата ќе бидат Соња Стојменска-Елзесер и Ѕвездан Георгиевски, а модератор Ана Јовковска.

„Културна фабрика- Огледи за родот, градот и популарната култура“ е избор од осумдесетина авторски колумни на родови и културолошки теми поделени во 3 поглавја: Белешки за родот, сексуалноста и слободата на избор, Потрага по уметноста и убавината на урбаното живеење и Приказни за другата страна на популарната култура.

„Културна фабрика“ има за цел да проговори за болките и предизвиците на современата култура. Таа е слика за постоечките состојби, но и простор за отворање на нови погледи и перспективи, со желба да предизвика критички дијалог на авторите, критиката и публиката, но уште повеќе и дијалог со себеси, нашите ограничувања и предрасуди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.