На 9 октомври во 18.30 часот во книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“ ќе се одржи промоција на новата книга за деца „Веселата зграда“ од авторката Ана Голејшка Џикова и илустраторот Драган Китановски – Драш.
Сликовницата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ преку веселите стихови на поетесата Голејшка Џикова и разиграните илустрации од графит-артистот Драш, раскажува за жителите на една зграда со седум ката. Во неа, кат по кат, нè запознава со: учителката во пензија Ката, Молња и Громче, елекричарот чичко Ват, Јасна, Перо и нивниот мачор Неро, со младиот сликар, магичната Вера, кученцето Луна и семејството гулапчиња.
Промоцијата ќе започне во 18.30 часот со работилница за деца, на тема „Обој ја својата весела зграда“, на која дечињата ќе дадат свое, шарено видување на зградата од приказната на Ана и Драш. Во продолжение ќе следува официјално претставување на книгата со авторката и илустраторот.
Промотор на „Веселата зграда“ ќе биде Милан Дамјаноски, доцент по англиска книжевност на Филолошки факултет „Блаже Конески“ и рецензент на книгата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.