Францускиот институт во Скопје организира промоцијата на преводот на македонски јазик на книгата „Во Лотарингија“ на Емануел Рембер, дипломат, советник за култура и соработка во Амбасадата на Франција и директор на Францускиот институт во Скопје. Промоцијата ќе се одржи во Францускиот институт Скопје, во вторник, 28 мај 2019 година, во 19 часот во Public Room (Јавна соба).

Емануел Рембер престојот во секоја земја го завршува со книга. По делото “Немирни денови во Либија”, престојот во Брисел е инспирација за Рембер да напише пријателска биографија за Жан-Клод Пирот, белгиски поет, проколнат писател, адвокат, анархист и вечен бегалец. Овој прекрасен биографски есеј беше позитивно прифатен и од францускиот печат, а објавен е на македонски јазик благодарение на издавачот „Магор“.

Средбата е замислена во форма на интервју, коешто ќе го води новинарката Ана Јовковска, а за истата има обезбедено консекутивен превод.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.