Денескa, (16 април) со почеток во 18:30 часот во Македонскиот културно-информативен центар во Софија, ќе се одржи промоција на бугарското издание на книгата „Секој со своето езеро“ од македонскиот писател Ненад Јолдески.
Ненад Јолдески е роден 1986 година во Струга. Завршува Економски факултет и магистратура на катедрата по Општа и компаративна книжевност во Филолошкиот факултет, на тема „Интертекстуална иронија во модерниот и постмодерниот расказ“. Тој е еден од основачите на ИНКА (Иницијатива за независен културен активизам), формирана во 2013 г. во Струга, како и на фестивалот за пропагандирање на културата ДРИМON.
Неговата прва книга „Штамата на Енхалон“ победува на конкурсот НОВИТЕ (2009) – тоа е зборник со раскази, напишани на струшки дијалект и сленг. Неговата втора книга, исто така зборник со раскази, „Секој со своето езеро“, ја добива Наградата за литература на Европската унија. Во 2018 г. излегува неговиот роман „Пливање спротиводно“ кој е номиниран за наjпрестижната литературна награда вo Македониja – „Роман на годината“.
„Секој со своето езеро“ излегува во превод на Тања Попова и издание на „Персеј“, во поредицата, потпомогната од програмата „Креативна Европа“ . Книгата, која разкажува мали стории за големи нешта и важни луѓе, вклучува 14 кратки раскази – напрегнати, драматични, меланхолични и иронични. Тие се потопени во атмосферата на шармантниот мал град, чии жители постепено намалуваат. Во последните години Струга, родниот град на авторот, и Охридското езеро, имаат претрпено катастрофални промени и го имаат загубено својот поранешен автентичен изглед. На фонот на загрижувачки градски пејзажи се поставени проблемите за стареењето, љубовта и тагата.
Невообичаени во својата структура, расказите во зборникот „Секој со своето езеро“ преплетуваат лични и урбани стории, документарна проза и уметничка литература, длабока почит кон родителите и обичните луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.