Националната опера и балет во соработка со Дирекцијата за култура и уметност орханизира промоција на книгата „Сценографското дело на Живојин Трајановиќ“ од проф. д-р Владимир Величковски, и изложба од уметничкото творештво на академскиот сликар-сценограф Живојин Трајановиќ на 13.02.2020 во 12 часот во фоајето на Националната опера и балет.
Изложбата ќе опфати идејни решенија за голем број претстави, презентирани во вид на скици. Концепциски е поделена на оперски, балетски и драмски дел, бидејќи речиси целиот работен век Трајановиќ го поминал како сценограф на операта во Националната опера и балет.
На промоцијата ќе се обратат: Проф. д-р Владо Величковски, автор, Проф. д-р Татјана Филиповска, промотор, М-р Васо Ристов, директор на Национална опера и балет, Костадин Костадиновски, музиколог, Снежана Конеска Руси, модератор.

Присутните ќе имаат можност да проследат кратка музичка програма во изведба на оперските солисти Славица Петровска Галиќ, Марјан Николовски, Васко Здравков со пијано придружба на Елена Силјановска и балетскиот солист Ивана Коцевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.