Утре, со почеток во 20 часот во Галеријата при Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи промоцијата на книгата раскази „Скиселени тикви“ од Саша Станишиќ. Промотори на делото на Станишиќ ќе бидат проф. д-р Александар Прокопиев и  Васко Атанасоски („Бернајс пропаганда“).

Во мини-расказите на Станишиќ животот живее книжевно! Неговата авторска перцепција е одбирна и ефикасна. Без претерувања, без големи зборови, без драматични теми и личности, а животна, смешна и потсмешлива, задоволство за читање, вели Прокопиев.

„Збирката куси-куси раскази „Скиселени тикви“ на Саша Станишиќ претставува исклучително компактно, зрело и умешно книжевно достигнување во македонската литература. Достигнување кое, за среќа, ќе успее на книжевната мапа на Скопје да постави и една неговата населба, едно негово предградие кое досега не побудило посебен интерес кај ниеден македонски писател. Но, тоа е само еден помеѓу другите аргументи за вредноста на оваа книга, заклучува Владимир Јанковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.