Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син Штит“ организира промоција на книга „Правна заштита на македонското културно наследство (огледи за протекторската свест во постсоцијалистичкиот период)“ Јован Ристов.
Книгата е сублимат на дел од активностите на Јован Ристов во МНК „Син Штит“ излагања и предавања кои ги одржал во период од 2013 до 2018 година. Уредник на книгата е проф. д-р. Даворин Трпески, а промотор м-р Александар Јорданоски.
Промоцијата ќе се одржи во Национална галерија – објект Даут пашин амам на 29 септември 2021г. (среда) со почеток во 11:00 часот, почитувајќи ги протоколите и мерките за заштита од Ковид.
Јован Ристов (1949-2018) повеќе од четири децении активно работеше во домен на споменичкото, меѓународното, компаративното право, како и заштитата на културното наследство. Тој е основач и првиот директор на Управата за заштита за културно наследство (2004 -2006). Тој е и првиот претседател на Собранието на МНК „Син Штит“ (2002-2005).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.