На 31 октомври во Клуб ресторанот МКЦ ќе се одржи промоција на книгата „Муабети за личен разбој“ од Елена Антоновска и Огнен Јанески.
Елена и Огнен се запознале во една сосема обична емисија, се споиле, се запознале и си се најдоа потребни еден на друг за сопствениот личен развој, преку желбата да им помогнат на сите тие гледачи кои ги следеле нивните, околу 40-тина, емисии во периодот меѓу ноември 2014 и ноември 2016 година.
Плод на оваа соработка е книгата „Муабети за личен развој“ која ќе се промовира в четврток, со почеток во 19 часот, во МКЦ клуб – ресторан.
Секој од нас во животот, наишол на луѓе кои му помогнале во процесот на личното развивање, на себеспознавањето. Луѓето во нашиот живот доаѓаат за да не’ научат на лекции. Некои од нив си ја завршуваат својата работа и исчезнуваат, а некои остануваат, велат авторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.