„Како избравме американски претседател“ е наслов на најновиот роман на Александар Сашко Кукулев, писател, сценарист, истражувач… која ќе биде промовирана на 28 ноември (19 часот) во „Иридиум 77 Клуб“ во Скопје.

Кукулев со својот карактеристичен наратив создаде остроумно и истовремено силно провокативно четиво, едно од оние за кои читателот посакува да го види на големото филмско платно. Читателот очекува „сигнал“ Ања 2311, да го извести за нова акција…, се вели кон новото дело на Кукулев.

Истата вечер пред публиката ќе биде промовирано и второто издание на неговиот претходен роман „Патувањето на Петар Келемен“. Ова е книга за случувањата околу атентатот на кралот Александар Караѓевиќ во Марсеј, поткрепена со реални документи, но многу суптилно романизирана.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.