Утре, на 27 март ќе се одржи промоција на книгата „Дур дишам се надевам“ од авторот Владимир Мартиновски во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, со почеток во 19 часот. Книгата во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е со илустрации од Александра Филипоска.

Латинската поговорка Sine linqua Latina nulla intelligentia („Без латински јазик нема знаење“), која се чини е оддамна заборавена, е појдовната идеја на самата книга. „Дур дишам се надевам“ е скромен обид да научиме или некој да се потсети барем на мал дел од големите мудрости, стокмени во кусите латински пословици и поговорки, кои се воедно и наслови на овие уникатни, забавни и поучни песни.

Авторот Владимир Мартиновски е македонски есеист, поет и прозаист. Работи како редовен професор по предметот компаративни поетики на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Неговата поезија е објавена на дваесетина јазици.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.