Издавачката куќа „Метаноја“ организира промоција на книгата „Мирисливите бои на душата“ од Катица Трајковска Абјаниќ, настан во сеќавање на авторката.
Промоцијата ќе се одржи во среда (30 октомври) на малата сцена во Македонскиот народен театар со почеток во 19 часот. Промоцијата ќе ја отвори директорката на издавачката куќа „Метаноја“ Нада Милкова, заедно со ќерката на авторката Ена Абјаниќ Чаусидис. За книгата ќе говорат Коста Милков, отец Климент, дон Давор Топиќ, Емилија Џипунова, Искра Гешоска и Андреј Јованчевски.
Промоцијата ќе биде проследена со музички илустрации од Маја Капсарова, а ќе биде прикажано и кратко видео во режија на Ана Глигорова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.