Попладнево, во 18 часот во НУ библиотека „Григор Прличев“ во Охрид, ќе се одржи промоиција на книгата „Гравири – 40 години подоцна“, од Славе Ѓорѓо Димоски. Книгата ќе ја промовира Проф. д-р. Димитар Пандев, а стихови ќе читаат: Марина Димовска и Јован Цветкоски.
На промоцијата ќе биде подготвена и изложна на досегашните изданија на книги од Славе Ѓорѓо Димоски.
Познатиот охридски и македонски поет Славе Ѓорѓо Димоски зад себе има богата интернационална поетска кариера. Тој е основач и долгогодишен раководител на манифестацијата “Поетска ноќ во Велестово”, а беше и претседател на Управниот одбор на НУ „Струшки вечери на поезијата”.
Роден во 1959 во Велестово, дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Живее во Охрид. Работи како наставник по македонски јазик и литература. Пишува поезија за деца и возрасни. Застапуван е во многу антологии и преведуван на неколку десетици јазици (англиски, руски, српски, латвиски и други).
Димоски е еден од најнаградуваните и во странство најпреведуваните современи македонски автори.
Мегу другото, носител е на признанијата: “Исток-Запад” – гран при за европска поезија“ – доделена во 2009 година во Романија, „Св. Климент Охридски – патрон на Охрид“ – награда за животно дело (2012), Орден „Златна есен – Сергеј Есенин“ (2012) – доделен во Русија, награда “Браќа Миладиновци” на СВП, награда Ацо Шопов, за Јазичен триптихон (2015) и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.