Во издание на „Матица македонска“ од печат излезе епистоларниот роман „101 живот“ од Весна Мојсова-Чепишевска (1967) и Елена Атанасиу (1981). На страниците од делото авторките го отсликуваат секојдневниот живот на две пријателки кои се запознале во 2011 година на летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид.

 Преку електронските писма и пораките напишани на мобилните телефони, Мојсова и Атанасиу  создаваат приказни, возбудливи и прифатливи за широк круг на читатели.

Романот ќе биде промовиран на 14 декември (петок) 2018 година во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.