Во близина на селото Азот, по долината на реката Бабуна, откриен е досега најголемиот воен логор на последниот македонски крал Персеј. Ова наоѓалиште Кале каскади е во близина на една голема древна некропола во која биле погребани веројатно над илјада македонски воини кои го бранеле патниот коридор кон пелагонските градови, изјави Виктор Лилчиќ, македонски археолог и професор по археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, за МКД.МК.

Тој апелира за заштита на ова наоѓалиште од дивите копачи и бара помош за продолжување на ископувањата.

Наодите на фотографиите се откриени од истражувањето на некрополата во рамките на минатогодишниот проект на НВО Центар за археолошки истражувања Скопје и Филозофскиот факултет Скопје „Пелагонија, Повардарието и источна Македонија, рекогносцирање на старите градови и тврдини“.

Целиот текст на следниов линк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.