Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, најави неколку културни настани кои ќе се случуваат во наредните денови.

Во понеделник, на 27 јануари , со почеток од 19 часот, актерот Петар Темелковски ќе ја изведе монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан I“ по текст на Јордан Плевнеш.

Во среда, на 29 јануари, со почеток од 19.30 часот, на репертоарот е документарниот филм “Медена земја“.

Во сабота, на 1 февруари , со почеток од 19 часот, ќе се оддржи традиционалниот Годишен концерт на Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ кој работи при Домот на културата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.