Во галерија „Абсинт“ на 15 август (четврток) во 20:30 часот ќе се одржи уште една „Филмска вечер“, овој пат ќе биде проектиран филмот на Николас Роег – „Човекот кој падна на Земјата“ (The man who fell to Earth).

Се работи за британски СФ филм од 1976 година, базиран по истоимената новела на Валтер Тевис.

Дејвид Боуви го толкува ликот на Томас Џером Њутон, вонземјанин на мисија да пронајде вода со цел да ја спаси својата планета.

„Човекот кој падна на Земјата“ се здоби со култен статус, и од публиката, и од критиката, која го нарече „филм со импозантни слики, филм кој е мирен, медитативен и кој длабоко ги истражува вредностите и желбите на нашата култура“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.