На „Македокс“ викендов, (24 август), Мастер-клас со наслов „Не следете ги моите правила. Направете си свои“ во Даут Пашин Амам ќе одржи еден од најзначајните европски и светски документаристи – Виктор Косаковски. Тој ќе зборува за своите принципи при создавањето на филмските дела не само како режисер, туку и како сценарист, снимател и монтажер.

Како блескав пример на неговата работа ден претходно во кино „Милениум“ ќе биде прикажан документарецот „Акварела“ (2018), чиј стожерен лик е семоќниот сопатник на Земјата – водата.

Филмско нуркање низ непредвидливата убавина и безмилосноста на водата. Нејзиниот ќудлив нарав и суровата сила докажуваат дека луѓето се само бледа сенка на природата. Од опасните ледени води во руското Бајкалско Езеро, преку Мајами среде вителот на ураганот „Ирма“, па сѐ до венецуелските Ангелски Водопади –  стожерниот лик во оваа приказна е водата, прикажана во сиот свој раскош и ужас.

Режисер: Victor Kossakovsky

Сценарио: Victor Kossakovsky, Aimara Reques.

Снимател: Victor Kossakovsky, Ben Bernhard

Монтажа: Victor Kossakovsky, Molly Malene Stensgaard, Ainara Vera

Тон: Alexander Dudarev

Музика: Eicca Toppinen

Продукција: Heino Deckert, Sigrid Dyekjær, Aimara Reques

Копродукција: Joslyn Barnes, Susan Rockfeller, Emile Hertling Peronard

Избрана филмографија:
  • „Семе на шампиони“/Greine de Champion (2016)
  • „Варичела“/Sport kids: Varicella (2015)
  • „Протест“//Manifestación/ Demonstration (2014)
  • „Да живеат антиподите!“/¡Vivan las Antípodas! (2011)
  • „Русија низ моето окно“/Россия из моего окна/ Russia from My Window (2003)
Фестивали и награди:
  • CPH: DOX, Denmark (2019)
  • DocsBarcelona, Spain (2019)
  • Trento Film Festival, Italy (2019)
  • La Biennale di Venezia, Italy (2018)
  • BFI London Film Festival, UK (2018)
  • IDFA, The Netherlands (2018)

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.