Со филмски проекции на бродот „Галеб“ и на плажата „Оревче“ на Охридското Езеро, од денеска до 21 јули ќе се одржува второто издание на фестивалот на нов европски филм „Beach Film Festival“, а секоја фестивалска вечер ќе биде заокружена со музичка програма.
На фестивалот ќе учествуваат млади, но и реномирани режисери, актери и продуценти чии филмови ќе бидат прикажани во натпреварувачкиот дел, поделен во три категории – долгометражни, краткометражни и студентски филмови. На програмата се филмови на автори од Франција, Германија, Холандија, Белгија, Турција, Македонија и регионот.
Според Ана Опачиќ уметничкиот директор на фестивалот, годинава во чест на професорот, режисер и актер Стефан Сидоски ќе се доделува награда за најдобро актерско остварување што ќе го носи неговото име.
Во соработка со „ Creative Europe Media Desk“ на 20 јули од 19 часот на бродот „Галеб“ ќе се одржи панел -дискусијата „ A woman is a woman – Aarchetype of women character in European cinematography” што ќе ја води Дина Иорданова, професор по светска кинематографија на Универзитетот „St. Andrew“ во Шкотска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.