Филмскиот центар Вардар филм-Скопје со поддршка на Град Скопје ќе го реализира вториот проект „Тајните филмски архиви на градот“ и ги повикува граѓаните да му предадат осуммилиметарски ленти доколку сè уште чуваат.
На овој начин ќе ги зачуваат своите спомени и ќе бидат дел од втората приказна на тајните архиви. Филмската лента има свој век на траење и единствен начин да се зачуваат материјалите би биле преку нивна дигитализација. По процесот на дигитализација, се преминува кон монтажа на краток документарец за Скопје. Целта ни е да собереме материјали на кои можеме да ги видиме Стара чаршија, Кале, Кермес, Дебар Маало… се наведува во јавниот повик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.