Привршува реализацијата на проектот за санација на Музејот на вода од Заливот на коските кај Градиште, соопшти Завод и музеј Охрид.
Тековните активности опфаќаат статичко зајакнување на пристапниот мост кој води кон платформата со реконструираните праисториски куќички, како и замена и зацврстување на сите дотраени и оштетени греди од наколната населба. Реализацијата на овој проект кој е финансиран од Министерството за култура, ќе обезбеди подобри услови и зголемена безбедност за сите посетители на овој музејски комплекс кој спаѓа во редот на најголемите и најпосетуваните туристички атракции во Охридскиот регион, велат оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.