Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ – Скопје, во изминативе два месеци го реализираше пилот-проектот „Користење на документарен филм како алатка во наставата во средното образование“ како дел од фондот „Градење мостови“ на мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Во киното „Фросина“ на МКЦ беше прикажан долгометражниот документарен филм „Боговите од Моленбек“ (Aatos ja Amine, 2019, Белгија, 73′) во сценарио и режија Рета Хутанен, кој во 2019-та освои две награди на фестивалот „МакеДокс“, и претставување на моделот за работа. Професорите во соработка со тимот од „МакеДокс“ работеа на создавање на модел лекции за два документарни филма, кои можат да се користат како алатки во наставата. Во оваа фаза на реализација учествуваа 11 професори од средни училишта кои предаваат на македонски и албански наставен јазик.

За професорите од средните училишта кои присуствуваа беа обезбедени прирачници со инструкции за користење на двата филма на часовите, на македонски, албански и турски јазик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.