Oд седми до десетти мај 2021 на “Слобомир П Универзитетот”, во Бјелина, Босна и Херцеговина, се одржа седмиот (онлајн) интернационален музички натпревар SIMC ( Slobomir International music competition).

На натпреварот учество зедоја повеќе од 180 пијанисти, од 78 музички училишта и академии од 19 земји од светот (Тајланд, Шпанија, Франција, Тајван, Индонезија, Германија, Португалија, Италија, Полска, САД, Англија, Израел, Абу Даби, Австрија, Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина).

Прилепчанката Анастасија Петреска, ученик при ОМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ од Прилеп, освои прва награда во својата категорија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.