Во организација на здружението за субкултура ПП Џез Фестивал на 27, 28 и 29 август 2020 година, на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Припел ќе биде одржано деветтото издание на „Прилеп џез фестивал викенд“ фестивалот.
Како што ветал организаторите, поаѓајќи од мисијата на фестивалот: поддршка на домашната џез продукција и создавање на нова џез публика… комбинирана со актуелните протоколи за Ковид-19 кои треба да се почитуваат, програмата на фестивалот е креирана со ангажирање на врвни музички бендови и артисти од Република Македонија.
Фестивалот ќе почне со премиерата на филмот „JAZZMAN – The form as a verb“ од Велибор Педевски, снимен на локации во Њујорк, Скопје, Белград и Софија.
„JAZZMAN“ е документарна сторија за живот посветен на уметноста на џезот, која ја раскажува Велибор Педевски, човекот кој е своевиден фокус на збиднувањата на овој творечки феномен… во филмот учествуваат Вадада Лео Смит, Реџи Николсон, Реџи Воркмен, Ентони Брекстон, Сесил Тејлор, Брендон Рос, Греам Хејнс, Даг Визелман, Милчо Левиев, Душан Која Коиќ, Влатко Стефановски, Љупчо Поповски, Тимчо Апостолов, Марко Коловски, Оливер Белопета.
По проекцијата на филмот, на сцена ќе излезат дечките кои и се добро познати на прилепската публика и во Прилеп настапиле преку повеќе проекти и џез состави: Трајче Велков (труба), Зоран Костадиновски (гитара), Горан Гешовски (басгитара), Виктор Филиповски (тапани) овој пат со авторски материјал обединети во бендот „СкопјеЏезИнк“.
Втората вечер ќе ја отвориме со квартетотна Оливер Јосифовски и премиерно ќе го проследиме проектот „FUSSION DEFFUSION CONFFUSION…“ проект кој содржи оригинални композиции и музички стандард и од егзотичен карактер, измешани со тврд хард рок звук. Покрај Оливер Јосифовски (контрабас), на сцената ќе ги видиме Гордан Спасовски (клавишни инструменти), Стефан Миладинов (гитари) и Александар Ванчовски (тапани и удиралки).
Светлост е моментално најактуелниот македонски џез состав на домашната и на меѓународнатасцена. Бендот во 2019 година го издаваа лбумот „Odron Ritual Orchestra“ кој на светските листи е сместен меѓу петнаесетте најдобри албуми, а во 2020 година ги реализираат албумите „Jazz (to the working class)“ и „Six Years“. Карактеристика за музиката нa овај состав е дека истата се менува во зависност од луѓето вклучени во конкретниот проект, а стилските правци се движат од слободен џез, електро-акустична музика и пост-рок, до минимализам и амбиентална музика.
Нинослав Спировски [кларинет / сопрансаксофон / тенорсаксофон]
Кристијан Новковски [тапани / удиралки]
Дени Омерагиќ [басгитара / синтесајзер / електроника]
Третата вечер ќе стартува со новината на овогодинешниот фестивал, промоција на книгата „Press&Play“ од Ненад Георгиевски. Прес енд плеј (Press & Play) е составена од рецензии на албуми, на концерти и фестивалски настапи на изведувачи меѓу кои: Влатко Стефановски, „Леб и сол“, Кирил Џајковски, „Фолтин“, Џијан Емин, Ади Имери, Гоце Стефковски, Џон Аплелгрeн, Зоран Маџиров, „Анастасија“, „Чалгија Саунд Систем“, „Проект Жлуст“, „Скопскиот џез фестивал“, „Офф-фест“ итн.
Следни се Next to Silence, музички состав кој во својот репертоар вклучува исклучи во композиции од реномираната европска издавачка куќа ЕЦМ. Во своите настапи тие изведуваат неколку реаранжирани дела од богатиот опус на Енрико Рава, Карла Блеј, Џон Аберкомби, Дејв Холанд, Терји Рипдал, Шанкар, Јан Гарбарек, Џим Пепер, Гери Бартон, Арт Енсмебал оо Чикаго, Бил Фрајзел, Џон Балк, Томаш Станко, Нилс Петер Молвер, и други. На фестивалот ќе изведат и дел од композициите на новиот албум кој е во фаза на студиско снимање.
Членови на „Next to Silence“ се:
АлександарНиколовски (труба)
Филип Димишковски (клавијатури)
Драган Стојковски (бас-гитара)
Гоце Наумов (барабани)
Фестивалот ќе го затворат дископост- панк активистите Бернајс Пропаганда. Со пет објавени албуми : „Happiness Machines“, 2009; „My Personal Holiday“, 2010; „Забрананета планета“, 2013; „Политика“, 2016 година; „Втора младост, трета светска војна“, 2019 година;, еден ЕП „Ништо нема да не раздели“, безброј концерти на турнеите низ Европа и САД, Бернајс Пропаганда се дефинитивно еден од најуспешните и меѓународно признати андерграунд музичари. Во Прилеп ќе настапат со следната постава:
Кристина Горовска – Вокали, текстови, вокални армонии, уметничка насока и дизајн
Васко Атанасоски – Музика, стихови, бас, гитари, перкусии, аранжмани, продукција, вокал и менаџмент
Дени Крстев – синтисајзер, ритам програмирање, снимање, едитирање и мастеринг
Раде Јордановски – бас и продукциски менаџер
Кристијан Лафазановски – тапани и перкусии
Ова година „Прилеп џез викенд“ фестивалот може да се пофали и со квалитетна ОФ програма:
На 28 Август 2020 г на локалитетот Врбјанска чука (кај село Славеј) свој перформанс ќе има „Antonie AVP Project“.
На 29 Август 2020 г на летната сцена од ЦК Марко Цепенков ќе го проследиме перформансот на Леонард.
Влезниците по цена од 100 денари се пуштени во продажба во Сити тобако центар во Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.