На 5 декември (среда), со почеток во 20.00 часот во Музејот на современата уметност во Скопје, ќе се одржи презентација и разговор со Башак Шенова, кураторка и дизајнерка.
Во скопје таа ќе го претстави проектот CrossSections, интердисциплинарна платформа за уметничките истражувања, дијалозите и продукцијата. Во текот на три години (2017-2019), со учество на 19 уметници, овој проект планира соработка со научници, уметници и културни работници, одржувајќи групни и јавни состаноци, работилници, изложби, претстави и разговори ќе се одржат во Виена, Хелсинки и Стокхолм.
Уметниците учесници се Барбара Холуб (Австрија), Гоџе Илкин (Турција), Маркус Нојстеттер и Бронвин Лекс (Јужно Афричка Република), Рикарда Дензер (Германија), Бежад К. Нори (Шведска), Хеба Ј. Амин (Египет), Николаус Ганстер (Австрија), Тамсин Сноу ( Велика Британија), Бенџи Бојадџиан (Финска/Палестина), Инма Херера (Шпанија), Нисин Букари (Сирија), Тимо Тухаканен (Финска), Ото Карвонен (Финска), Егл Оддо (Италија), Лина Селендер (Шведска), Рамеш Даха (Австрија) и Јане Чаловски (Македонија).
CrossSections е организиран во партнерство со iaspis – Меѓународна програма за визуелни и применети уметници на Шведската влада и Констфак, Универзитетскиот за уметност, занаетчиство и дизајн и НКФ – Nordiska Konstförbundet (Nordic Art Association) во Стокхолм; Nya Småland Шведска; ХИАП – Меѓународна програма за уметници од Хелсинки и Универзитет за уметности Хелсинки – Академија за ликовни уметности во Хелсинки; Центар за современи уметности од Талин; и Проектниот простор Прес ту Егзит во Скопје.
Башак Шенова е кураторка и дизајнерка. Студирала литература и графички дизајн (MFA in Graphic Design and Ph.D. in Art, Design and Architecture at Bilkent University) и била дел од 7. Програма за обука на куратори на Stichting De Appel, Амстердам. Има пишувано текстови за уметност, технологија и медиумите, иницирајќи и развивајќи проекти и курирајќи изложби, од 1995 година.
Таа беше куратор и на Македонскиот павилјон на 56-тото биенале во Венеција, претсттавен со проектот „Ние сите сме сами во ова“ на Христина Иваноска и Јане Чаловски.
Гостувањето на Башак Шенова е дел од годишната програма на Проектниот простор Прес ту егзит со наслов „Недисциплинирани форми на знаење“ во рамките на серијата „Предавања, презентации и изложби“ и Меѓународниот симпозиум „Кураторски размени 7: Курирање урбани заедници“.
Програмите на Проектниот простор Прес ту егзит се организирани во партнерство со Музејот на современата уметност Скопје и Контрапункт, Скопје, а поддржани се од Министерството за култура на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.