Уметници и културни работници од иницијативата „ Култура е насловна страна на секое општество“, бараат средба со премиерот Заев и со претставниците за култура од неговиот кабинет, објави „Телма“.

Во дописот до јавноста, тие информираат дека иако ќе бидат вклучени во две работни групи при Министерството за култура, кои од 15 април ќе започнат со изработка на измени, дополнувања и финализирање на Предлог- законот за остварување јавен интерес во култура и на развој на модели за оценување и механизми за финансирање на јавниот интерес во културата, за подршка на вонинституционалниот сектор, од иницијативата „ Култура е насловна страна на секое општество“, бараат вклученост и подршка од премиерот и неговиот кабинет на нивните заложби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.