Протоколите за театрите денеска пред новинарите ги појасни советничката на министерката за култура, Јасмина Никуљска, која кажа дека во текот на вчерашниот ден на седницата на Владата биле усвоени општите протоколи за одржување настани во затворен простор, кои се однесуваат и на кината и на театарите. Никуљска напомна дека националните установи од областа на театарската дејност имаат обврска да изготват индивидуални протоколи, бидејќи секоја институција има свои специфики, а тие треба да бидат усогласени со општиот протокол кој е усвоен од Владата.
Според општите правила за реализација на настани, треба да се искористат само 30 % од капацитетите, да нема паузи за излегување во фоаје, претставите треба да траат од час до час и половина, да се менуваат филтрите на климатизерите на секои 6 месеци и друго.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.