Утревечер (петок, 15 мај) со почеток во 20:00 часот, на јутјуб каналот на Драмски театар Скопје ќе можете да ја видите претставата „Огнени јазици“ од Горан Стефановски, во режија на Слободан Унковски, соопштија од оваа институција.
За сабота (16 мај), пак, во исто време (20:00 часот) ќе може да се види и претставата „Кандид во земјата на чудата“ по текст на Венко Андоновски, а во режија на Сашо Миленковски.
Од Драмски театар Скопје посочуваат и дека овие претстави ќе останат на јутјуб каналот на оваа институција и ќе можат да се гледаат и во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.