Претстави ќе се играат само на малата сцена на Драмскиот театар Скопје. Театарот ќе се обиде да изврши привремена санација на местата каде што протекува кровот, соопштија денеска од Драмски, откако пред два дена беше откажана претставата „Мојот маж“, бидејќи повторно прокисна кровот на театарот.
По темелна проверка на целокупната документација за санација на кровот на Драмски театар Скопје, направена 2018 година и разговор и консултација со тогашниот технички директор, констатирано е следното: Заменета е целокупната кровна површина на теaтарот освен страничните ѕидови на кулата.
Во договорот склучен со фирмата која е изведувач на санацијата на кровот стои гарантен рок од 12 месеци.
Драмски театар Скопје ќе се обиде да изврши привремена санација на местата каде што протекува. Сепак, за подолготрајно решение потребен е поголем градежен зафат со целосна реконструкција, а не санација, за што се потребни поголеми финансиски средства, велат од Драмски.
Додека не се заврши привремената санација театарот ќе продолжи со проби, а претстави ќе може да се играат само на малата сцена во театарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.