Во рамките на програмата на „Скопско лето“ денеска (09.07.2019, вторник), ќе биде одиграна театарската претстава „Забрането смеење“, со почеток во 20:00 часот во Театар „Комедија“. Автор на претставата е Миро Гавран, а е во продукција на Театар „Антон Панов“ – Струмица.

Превод и адаптација: Горјан Милошевски, Дизајн на сцена: Маре Трајковска, Костими: Маре Трајковска, Ванчо Василев, Сценски движења и танци: Валентино Апостоловски, Музика: Виктор Апостоловски, Ставре Ангелаков.

Играат:Стојан Велков – Трн, Јасмина Вучкова, Анкица Бенинова, Превод и адаптација: Горјан Милошевски, Дизајн на сцена: Маре Трајковска, Костими: Маре Трајковска, Ванчо Василев
Сценски движења и танци: Валентино Апостоловски, Музика: Виктор Апостоловски, Ставре Ангелаков, (користени делови и од Nina Zilli, Jules Gaia, Gavin Luke) Графички дизајн: Марјан Ѕингаров, Изложба:од колекцијата на „СТРУМИЧКАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА“.
Дела на авторите: Марјан Ѕингаров, Ване Костуранов, Никола Пијаманов, Љупка Галаска-Василев.

„ЗАБРАНЕТО СМЕЕЊЕ“ е претстава која раскажува навидум едноставна семејна приказна за 43 годишниот Борис, кој има богата сопруга и со неа е во брак 20 години. Во последните 5 години тој ја има и помладата љубовница Нина. Кога швалерката ќе реши да ја раскине врската со него, почнуваат проблемите.
Претставата говори за нас луѓето од денешницата. За тоа колку глумиме сите ние во животот и дека сето тоа стана одвратно. Ова е претстава која ги исмејува бесмислените, лажни и себични споделувања емоции. Зборува за хипокризијата во секојдневните човечки односи, за лажните компромиси што се прават во брачните односи, но и за сексуалните фрустрации кои произлегуваат од нив. И сето тоа на комичен начин. Така можеби ќе си ги воочиме грешките и ќе направиме од нас посреќни луѓе.

Потоа, ќе се одржи концерт на Пијано Трио, составено од Шкељзен Бафтиари – пијаноЛида Алиу – виолина и Енис Аљи – виолончело, со почеток во 20:30 часот во Музеј на македонската борба.

Со почеток во 21:00 часот ќе се одржи проекција на филмот „Хотел Југославија“ (HOTEL JUGOSLAVIJA) (2017), Швајцарија, на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан.

Дистрибутер: Cutaway

историски документарец / траење: 78 минути

сценарио и режија: Николас Вањиер

награди: номинации за наградите за најдобар документарен филм во Солун и Тајван



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.