Претседателот на Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) Љупчо Коцарев во изјава за „Телма“ рече дека се радува што нема да дојде до реформи и укинивање на катедрите за македонски јазик и за македонска книжевност, додавајќи дека сите претходно изнесени мислења биле само негови лични ставови.

Се радувам што на Филолошкиот факултет во Скопје „Блаже Конески“ не постои и никогаш не постоела идеја за укинување на катедрите за македонски јазик и македонска книжевност. Посакувам во идните реорганизации на факултетот, рамо до рамо со различните отсеци, секогаш да бидат вклучени и отсеците за македонски јазик и јужнословенските јазици и македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Сите досегашни изјави и текстови поврзани со ова се мои лични изјави, со единствена цел, заедно и достоинствено да ја прославиме годината на Блаже Конески, изјави за „Телма“ Коцарев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.