Вечерва во турскиот театар, со почеток во 19 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Славната Флоренс“ во режија на Драгана Милошевски – Попова и според текстови на П.Квилтер, Н.Мартин, Џ.Коган, Б.Крајчевска, Д.Милошевска – Попова.
Костимографијата е на Розе Трајческа Ристевска, автор и драматург на претставата е Билјана Крајчевска, сценографија е на Татјана Блажевска – Христоска, а кореограф е Игор Киров. Композитор е Ирена Поповиќ – Драговиќ, а преводот е на Билге Емин.
Главните улоги се на Бедија Беговска во улогата на Флоренс Фостер Џенкинс, Џенап Самет – нараторот Ерл Вилсон, новинар и музички критичар, Артуро Тосканини, Карло Едвардс и Доктор Херман, Селпин Керим – Сент Клер Бејфилд (сопругот на Флоренс, нејзин менаџер и актер), Јеткин Сезаир – Козме Мекмун (пијанист и корепетитор на Флоренс) и Ебру Мусли – Кетрин Ведерли ( актерка – девојка на Бејфилд, Лили Понс – оперска пејачка и Девојката од публиката).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.