В среда, на 15 декември, во 19,30 часот во Турски театар Скопје ќе биде премиерно прикажана претставата „Кројач за дами“ според Жорж Фејдо и во режија на Синиша Евтимов, соопштија од Театарот.

Ова е четврти проект од програмата за 2021.

Улогите во претставата ги толкуваат: Бураханедин Ибрахим, Жале Османи, Селпин Керим, Неат Али, Несрин Таир, Ебру Мусли, Јеткин Сезаир, Инес Радончиќ и Сузан Акбелге.

Сценографијата и костимографијата се на Александар Ношпал, а асистент на костимографија е  Ангела Богеска.

Претставата се изведува на сцената на Театар Комедија со титл на македонски јазик

Премиерата ќе биде изведена согласно со протоколите и препорачаните мерки. Бројот на седишта е ограничен.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.